ИС подготува напади во Косово и Македонија, полицијата на готовс
„Исламска држава“ подготвувала терористички напади во Македонија и Косово?
„Исламска држава“ подготвувала терористички напади во Скопје и Приштина. Тоа го објавуваат медиуми во Косово и Македонија.
Косовските безбедносни служби добиле информации дека „Исламска држава“ издала наредба за организирање на терористички напади во Македонија и Косово, пишува денеска весникот „Дневник“.
Според информациите наредбата за организирање на напади била на косовскиот џихадист Лавдрим Мухаджери.
Комуникацијата била преку Албанец од Македонија, кој во моментов војувал во Ирак или Сирија. Тој комуницирал со свои лица од Македонија и Косово, за да организираат напади во јуни.
Други медиуми пак од своја страна истакнуваат дека косовските медиуми го оживуваат мртвиот исламист, тврдејќи дека подготвувал бомбашки напади во Приштина и Скопје.
Косовскиот џихадист Лавдрим Мухаджери планирал напади во Македонија и Косово. Тој бил иницијатор на нападот на полицискиот гарда во селото Гошинце, како и на нападот во Куманово. Тоа го пишувале медиумите во Косово, пишува весникот.
Според информациите Мухаджери издал наредба на своите луѓе во Приштина и Скопје да извршат терористички напади. Наредбата била издадена преку негов близок соработник, кој во моментов се наоѓал во Сирија. Тој зборувал со своите луѓе во Косово и Македонија, и им рекол да организираат терористички напади во Македонија и Косово во јуни. Косовските безбедносни сили засега не го потврдија идентитетот на соработниците на Мухаджери во Скопје и Приштина. Минатата година, медиумите објавија дека Мухаджери загинал.
Надлежните информираат дека во Македонија е зголемено нивото за безбедност, по информациите за евентуални напади. Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје вчера беше видливо присуство на воената полиција.
