Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирска нуди до 70 илјади евра на доселениците

Ирска нуди до 70 илјади евра на доселениците

Додека цените на недвижностите во големите европски градови стануваат неодржливи, поединечните држави и општини тргнаа во сосема спротивна насока.

Најатрактивната понуда моментално доаѓа од Ирска. Како дел од политиката „Нашите живи острови“, ирската влада се стреми да ги ревитализира заедниците на 30 острови кои не се поврзани со копното со мостови, пренесува Nezavisne.

Како дел од овој проект, се нудат до 70.000 евра грантови за реновирање на напуштени или запуштени недвижности.

Имотот мора да биде изграден пред 2007 година. Мора да биде празен најмалку две години. Средствата се користат за градежни работи, изолација и структурни подобрувања.

За разлика од некои други програми, ирскиот модел дозволува имотот да служи како постојан дом по реновирањето, но и како имот за изнајмување. Ова практично значи дека по добивањето на парите и завршувањето на реновирањето, сопствениците не мора нужно да ја поминат целата година на островот, туку можат да го користат имотот како инвестиција.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести