Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирска бара месари, плата 2.500 евра

Ирска бара месари, плата 2.500 евра

Во местото Калан во Ирска за во месна индустрија се бараат месари, при што се нудат плати од 2.500 евра. 

Потребни се 135 работници од кои 25 веќе се најдени, а 15 се од Осијек, Хрватска. Хрватите се покажале како вредни месари и затоа Ирците бараат месари баш од оваа земја. 

Платата е 2.500 евра, а сите прекувремени часови ќе бидат платени со можност за напредување. Оние кои ќе почнат како месари, имаат шанса да се вработат подоцна и во канцеларија ако добро се покажат. Селектираните кадри со работа ќе почнат од 15 месецов. 

Народната поговорка „Добриот глас надалеку се слуша“ не е за џабе, пишува Глас Славоније. 



Слично

Поврзани вести