Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРИ со нова анкета – СДСМ не се согласува со резултатите

ИРИ со нова анкета – СДСМ не се согласува со резултатите
Претседателот Ѓорге Иванов има подобар рејтинг од Владата и од опозицијата, покажа најновата анкета на американскиот Републикански институт (ИРИ). На прашањето како би ги оцениле политичките субјекти доколку употребите оценки кои се користат во училиште, Владата добила просечна оценка 2.71, претседателот Ѓорге Иванов - 2.8, додека опозицијата - 1.99. Од останатите податоци на анкетата, доколку утре би се одржале парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоил 29 отсто од гласовите, а ДУИ би имал повеќе гласови отколку СДСМ - односно партијата на Ахмети би освоила 13 отсто, СДСМ - 10 отсто, а ДПА 3 отсто од гласовите. Во однос на довербата кон политичарите, најголема доверба има премиерот Никола Груевски - 22 отсто, потоа следуваат Али Ахмети со 9%, Зоран Заев со 4%, Ѓорге Иванов 3%, Бранко Црвенковски 3%. Дури 27 проценти од испитаниците се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден полтиичар. Опозицискиот СДСМ не се согласува со резултатите на анкетата. „Во Македонија се загрозени основните демократски права на граѓаните, загарантирани со Уставот, вклучувајќи го и правото на слободно изразување. И според оценките на најрелевантните меѓународни организации во Република Македонија владее хибриден режим. Граѓаните не можат слободно да ја изразат својата волја на избори, уште помалку на анкета“ - вака опозициската партија ги објаснува резултатите на истражувањето. Според СДСМ, се додека во Македонија не се врати слободата на изразување, ниедна анкета не може да се смета за релевантна.
Слично

Поврзани вести