Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРИ: Се повеќе луѓе сметаат дека Македонија оди во погрешен правец

ИРИ: Се повеќе луѓе сметаат дека Македонија оди во погрешен правец
Новата анкета на ИРИ најавува пресврт на општествената сцена. Ако се погледнат дел од резултатите, споредени со oниe пред една година може да се забележат резултати кои се различни во својата суштина. На пример повеќе од 20 отсто од прашаните сметаат дека земјата е помалку стабилна сега, а 12 отсто повеќе сметаат дека земјата оди во погрешен правец. Истражувачите на ИРИ сметаат дека проблемот е во начинот на кој Владата се однесува кон скандалот со прислушувањето. Политичката нестабилност во Македонија расте, а довербата во демократските институции опаѓа, гласи заклучокот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон, кој ги објави резултатите од анкетата направена на национално ниво во април годинава, пренесува Гласот на Америка. Анкетата покажала дека 20 проценти повеќе испитаници веруваат дека Македонија е помалку стабилна денес отколку пред една година. За 12 проценти е зголемен и бројот и на оние кои се убедени дека Македонија оди во погрешен правец, споредено со јануари оваа година. Песимизмот околу политичката состојба се чини дека е предизвикан од однесувањето на Владата во врска со скандалот со прислушувањето што беше разоткриен во 2015 година, велат изработувачите на истражувањето од ИРИ. Дури 64 отсто од испитаниците изразиле неодобрување на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на функционерите вмешани во овие превирања, а 63 проценти ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство што ги истражува случаите што произлегоа од овој скандал. Претседателот на ИРИ, Марк Грин, резултатите ги гледа како „критичка потреба лидерите на Македонија да се фокусираат на реформи што одново ќе ја изградат јавната доверба во демократските институции на земјата“. Анкетата опфатила 1.104 возрасни лица кои биле интервјуирани лице–в–лице.
Слично

Поврзани вести