ИРИ: Македонците сериозно загрижени за состојбата на нивната економија
Со просечна плата од 444 долари на месец и невработеност која се движи околу 30 проценти, песимизмот на македонските граѓани за состојбата на економијата е од особена грижа за новата ВМРО-ДПМНЕ/ДУИ коалициска влада, проценува американскиот Републикански институт (ИРИ) по најновото истражување на јавното мислење во земјава.
Испитаниците покажуваат забележливо зголемен скептицизам за иднината на економијата, при што само 21 процент од нив веруваат дека економската ситуација во Македонија ќе стане подобра во следните две години, што е намалување од пет проценти од анкетата на ИРИ во мај 2014 година.
На прашањето: Во следните две години, дали македонската економија ќе се подобри, ќе стане полоша или ќе остане иста? вака одговориле анкетираните:
Ќе се подобри: 21%
Ќе остане иста 44%
Ќе стане полоша: 29%
Не знае/Одбива да одговори: 7%
Како што е случај и во последниве две децении, 72 проценти од испитаниците укажуваат дека економските прашања се горливите проблеми во секојдневните животи на граѓаните на Македонија. Овој резултат е подобрување од само пет проценти споредено со анкетата на ИРИ од септември 2010 година, која беше спроведена кога истата владејачка коалиција имаше поминато две години во својот прв мандат.
„За држава која е желна да добие членство во Европската Унија и чии граѓани гледаат на членството како клуч за нивниот економски напредок, овие бројки се мошне слаби во споредба со тие во соседните држави кои неодамна го финализираа нивниот ЕУ статус“, истакна Јан Сурочак, регионалниот директор на ИРИ за Европа. „Пораката до креаторите на политиките во нашата анкета е јасна: создавање на нови работни места и подобрување на стандардот на живот треба да бидат приоритет“.
Граѓаните сеуште цврсто го подржуваат членството во ЕУ и НАТО
Скоро четвртина од испитаниците гледаат на членството во ЕУ како средство кое ќе донесе поголеми можности и просперитет за државата, генерално подобрувајќи ги животите на граѓаните. Поддршката за приклучување на ЕУ останува на високи 72 проценти, а аспирациите за членство во НАТО исто така остануваат на високи 77 проценти.
Сепак, ИРИ забележува надолен тренд во поддршката за членство на државата и во двете организации. Поддршката за членство во ЕУ и НАТО е падната околу 10 проценти од 2012 година.
Граѓаните гледаат пад на слободата на говор и изразување
За прв пат откога ИРИ прв пат постави прашање за граѓански права во декември 2010 година, испитаниците искажуваат загриженост околу практикувањето на слобода на говор и изразување. Скоро половина (49 проценти) укажуваат дека слободниот говор и слободното изразување на идеи не постојат денес во Македонија, споредено со 42 проценти кои го мислат спротивното.
Слично
