Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иранските милијарди одмрзнати после санкците: Колку пари ќе добие Техеран?

Иранските милијарди одмрзнати после санкците: Колку пари ќе добие Техеран?

Иран ќе добие 32 милијарди долари одмрзнати средства после укнувањето на санкциите на Техеран во согласност со договорот постигнат со светските сили за иранската нуклеарна програма, изјави денеска директорот на иранската централна банка Балиолах Сеиф.

Како што прецизирал, 28 милијарди долари ќе се слеат во централната банка, додека четири милијарди долари ќе бидат префрлени во државната каса како дел кој му припаѓа на владиниот буџет, пренесе АФП.

Тие средства може да се користат за купување и увоз на стоки, а централната банка планира да ги задржи на „централизирани и безбедни сметки“ во странство, додал Сеиф.

Средствата се одмрзнуваат откако Меѓународната агенција за атомска енергија минатиот викенд потврдила дека Иран ги испочитувал мерките наметнати со договорот со глобалните сили кој во јули е постигнат во Виена, потсетува француската агенција.

Слично

Поврзани вести