Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иранскиот ријал падна на рекордно ниско ниво - oва ја „тресе“ економијата

Иранскиот ријал падна на рекордно ниско ниво - oва ја „тресе“ економијата

Иранската валута ријал денеска падна на речиси рекордно ниско ниво, што дополнително ја оптоварува економијата на земјата, во време на растечка загриженост во Техеран дека европските земји ќе го започнат процесот на повторно воведување санкции на Обединетите нации врз Иран поради неговата нуклеарна програма.

Во Техеран денес, за еден долар беа потребни повеќе од милион ријали. Во времето на постигнувањето на договорот меѓу Иран и големите сили за нуклеарната програма на Техеран во 2015 година, беа потребни 32.000 ријали за еден долар, што зборува за наглиот пад на иранската валута во последните десет години.

Иранската валута ја достигна својата најниска вредност во април оваа година, кога беа потребни 1.043.000 ријали за еден долар, според АП, пренесува Бета.

foto Wikipedia/Iran Persian Gulf Forever

Слично

Поврзани вести