Иранската валута повторно тоне, инфлацијата го „јаде“ стандардот
Вредноста на иранската валута падна на рекордно ниско ниво.
Продажниот курс на американскиот долар на иранскиот слободен пазар достигна 153.000 томани, што претставува историски најниска вредност на националната валута. Eден томан е еднаков на 10 реали.
Овој драстичен пад доаѓа во услови на висока инфлација, која на годишно ниво достигна 44,6 проценти.
Иран и понатаму се соочува со тешки американски санкции, кои силно ја ограничуваат економската активност и пристапот до меѓународните пазари. Според официјалните податоци, цените на храната пораснале за дури 89,9 проценти во споредба со истиот период минатата година, што ја продлабочува социјалната и економската криза во земјата.
Дополнителна загриженост предизвикува и месечната инфлација, која изнесувала 7,9 проценти во периодот од декември 2025 до јануари 2026 година, сигнализирајќи дека инфлаторните притисоци не покажуваат знаци на забавување.
foto printskrin youtube
