Иран за 580 отсто го зголеми приходот од извозот на нафта
И покрај санкциите приходот од извоз на нафта на Иран сe зголемил за 580 отсто.
Ваков резултат има во првите четири месеци на иранската фискална година, односно во периодот од 21 март до 21 јули. Министерот за економија Ехсан Кандузи вели дека споредбата е во однос на истиот период лани. Ројтерс пишува дека позитивниот извештај за нафтените приходи се поклопува со соопштението за иранската инфлација која надминува 50 отсто, со тројно зголемени цени на стоката, зголемување на трошоците за енергија и живеење и протести кои се шират во таа земја поради економските проблеми. Цените на нафтата скоро се удвоија во однос на една година претходно поради војната во Украина и глобалното економско заздравување по пандемијата. Два дена претходно, во светски рамки, скокнаа цените на нафтата.
foto freepik.com
