Иран со пет пати поголеми приходи од продажба на нафта
Иранскиот министер за економија Ехсан Гандузи рече дека приходите од нафтата на земјата се зголемени за пет пати во последните пет месеци.
Според иранската студентска новинска агенција (ИСНА), Гандузи на прес-конференција во главниот град Техеран зборувал за економските трендови во земјата, пренесува Анадолија.
- Споредено со лани, приходите од нафта во земјава се зголемени за пет пати во последните пет месеци, рече министерот за економија.
Тој додаде дека минатата година е забележано двојно зголемување на странските капитални инвестиции во земјава.
Слично
