Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРАН СЕ ЗАКАНИ: Нафтата ќе чини 200 долари за барел?

ИРАН СЕ ЗАКАНИ: Нафтата ќе чини 200 долари за барел?

Иран најави промена на воената стратегија – од политика на „одмазднички удари“ кон тактика на „континуирани напади“ врз своите противници, со што директно се закани дека ќе го наруши глобалното снабдување со нафта и ќе предизвика нов ценовен шок на светските пазари.

Ова го соопшти оперативната команда на иранската армија Хатам ал-Анбија, која ги координира воените операции на редовната армија и Револуционерната гарда. Станува збор за клучниот воен штаб што ги планира и управува најголемите операции на Иран во време на војна и кризни ситуации.

Портпаролот на командата, Ебрахим Золфагари, порача дека Техеран нема да дозволи нафта да стигне до САД, Израел и нивните сојузници.

„Нема да дозволиме ниту еден литар нафта да стигне до САД, ционистите и нивните партнери. Секој брод или танкер што плови кон нив ќе биде легитимна цел“, изјави Золфагари.

Тој предупреди дека е можен драстичен раст на цената на нафтата.

„Подгответе се цената на барел нафта да достигне 200 долари, бидејќи цената зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, додаде портпаролот.

Ескалацијата на конфликтот веќе се одрази врз енергетските пазари. Во понеделникот цената на нафтата накратко се приближи до 120 долари за барел – највисоко ниво во последните речиси четири години. Сепак потоа се намали. 

Слично

Поврзани вести