Иран остро и без компромис: Ќе има уште повеќе нафта!
Ирански претставници порачаа дека официјален Техеран ќе продолжи да го зголемува производството на нафта се додека не достигне ниво од периодот пред воведувањето на санкциите на Иран.
Тоа наговестува дека Иран ќе заземе остар став во преговорите со водечките светски произведувачи на нафта за ограничувањето на произвдството на тој енергент, оценува британската агенција, пренесува Ројтерс.
„Барајќи од Иран да го замрзне сопственото ниво на производство на нафта е нелогично, бидејќи кога Иран беше под санкции педини земји го зголемија произвдството, предизвикувајќи пад на цените на нафтата. Во повеќе наврати повторивме дека Иран ќе го зголемува производството на нафта се додека не го достигне нивото од пред санкциите“, изјавил претставник на Иран во ОПЕК Мехмет Асали.
Венецуелскиот министер за нафта Еулохио дел Пино, ирачкиот министер за нафта Абдел Абдел Махди и катарскиот министер за енергетика Мохамед бин Салех ал-Сад би требало денес да допатуваат во Техеран на преговори со иранскиот колега Биџан Занганех, со цел да постигнат договор за ограничување на нивото на производство поради подигање на ниските цени на нафтата.
Сепак, Саудиска Арабија порача вчера дека овој договор ќе зависи од сорабтоката помеѓу другите водечки произведувачи.
Иран, пред2012 година извезувал околу 2,5 милиони барели дневно, за да извозот по воведувањето на санкциите падне на околу 1,1 милиони барели дневно.
Според анализата на Ројтерс од 5 јануари, иранското производство на нафта во декември изнесувало 2,9 милиони барели дневно.
