Иран го суспендираше целиот извоз на петрохемиски производи
Иран го суспендираше целиот извоз на петрохемиски производи до понатамошно известување.
Иран го суспендираше целиот извоз на петрохемиски производи до понатамошно известување со цел да се даде приоритет на домашното снабдување и да се спречи недостиг на суровини, објави денеска агенцијата Ројтерс извештај од иранските медиуми.
Иранскиот економски весник „Доња-е Ектесад“ пишува дека одлуката е донесена поради прекинот на производството по нападот на Израел врз неколку петрохемиски центри.
На 13 април, висок функционер на Националната петрохемиска компанија издаде упатство за прекин на извозот до петрохемиските компании. Главната цел на забраната е стабилизирање на домашниот пазар и безбедно снабдување на индустријата.
Во текот на последните недели, Израел ги нападна клучните центри за петрохемиско производство во Асалуџе и Махсар. Овие напади го нарушија производството и особено ги погодија комуналните компании кои обезбедуваат суровини за петрохемиските постројки.
foto freepik.com
