Иран го отфрли американскиот долар!
Иран повеќе не го користи американскиот долар во надворешната трговија и ќе го замени со цела низа валути, рекол заменик гувернерот на Иранската централна банка Голами Камиаб, пишува Бизнис инсајдер повикувајќи се на Спутник Њуз.
„Во трговската размена со другите земји Иран користи алтернативни валути вклучувајќи го и кинескиот јуан, еврото, турската лира, руската рубља и јужнокорејскиот вон“ рекол гувернерот.
Иан Брамер од Евроазиската група истакнува дека агресивните санкции воведени на Иран поради нуклеарниот програм за последица имале диверзификација кон другите валути.
Иран во последните години ги зајакнал воените и економски врски со земјите како Русија и Кина како би ги заобиколил санкциите наметнати од Западот.
