Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирак може да го напушти ОПЕК?

Ирак може да го напушти ОПЕК?

Ирак би можел да ги разгледа сите достапни опции, вклучително и промена на својот статус во Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), доколку не му биде одобрено значително зголемување на квотата за производство, изјави денеска висок функционер на ирачкото Министерство за нафта.

Ирачките власти сметаат дека зголемувањето на квотите е неопходно поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа земјата по војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, пренесува Ројтерс.

Според извори запознаени со разговорите, меѓу опциите што биле разгледувани било и излегувањето на Ирак од ОПЕК.

Сепак, моменталниот план на Багдад е да остане член на организацијата и да се обиде да обезбеди поголемо дозволено производство на нафта преку преговори.

Потенцијалното повлекување на Ирак би претставувало значаен предизвик за ОПЕК, бидејќи таа земја е една од петте основачи на организацијата, која беше основана во Багдад во 1960 година, според Ројтерс.

Ирачкиот функционер оцени дека земјата се соочува со сериозна финансиска криза и дека прашањето за зголемување на производствената квота мора да се разгледува со најголема грижа.

Засега, ОПЕК не коментираше за наводите за можните барања на Ирак или шпекулациите за евентуално напуштање на организацијата.

ОПЕК плус ги обединува членовите на ОПЕК и група партнерски производители на нафта предводени од Русија, а во последните години играше клучна улога во одредувањето на нивото на светската понуда на нафта и стабилизирањето на енергетскиот пазар.

Слично

Поврзани вести