Ирак денес подготвува контра-офанзива
Ирачките сили денеска се подготвуваат за контра-офанзива против џихадистите на северот на Багдад, бидејќи премиерот Нури ел Малики на војската и дал многу обврски.
Владата синоќа започна да спроведува план за одбрана на Багдад, кој вклучува масовно разместување на припадниците на силите за безбедност и зајакнување на разузнавачките работи.
Владата наведува дека цивили добрволно се пријавуваат да ја бранат престолнината.
Џихадистите напредуваат кон Багдад од три страни, со оддалеченост од 100 километри од правец на провинцијата Анбар од запад, Салахедин на север и Дијале на исток.
Радикалната група на Исламската држава Ирак и Левант од вторникот го освои Мосул, провинцијата Нинива, градот Тикрит, делови од провинцијата Селахедин, и делови од Дијале и Киркука.
Тие од јануари имаат контрола над Фалуџ, 60 километри западно од Багдад.
Тоа е една од најсилните бунтовнички групи во Ирак, но дејствува и во Сирија и Либан и се залага за обединување на територијата во голема исламистичка држава „Ирак и Левант“ во која се применува екстремна верзија на шеријатски закони.
Левант бил заедничко име за земјите кои лежат на брегот на источниот Медитеран. Тоа се делови од Турција, Сирија, Либан, Израел, Јордан и Египет.
Таа група е поврзана со Ал Каеда и има 10.00 борци. Настанала во 2003 година после американската инвазија на Ирак.
Припадниците на таа организација влегоа во соседна Сирија и го искористија бунтот против сирискиот претседател Басар ал Асад како би го завземале североисточниот дел од Сирија каде го воведоа шеријатскиот закон. Таму киднапираа и убиваа новинари, како и опозициони активисти.
Организацијата ја води Абу Бакр ел Багдади, кој е познат по големата бруталност и наметнување на строги исламски правила.
Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека влошувањето на состојбата во Ирак би можела да има глобални последици.
