Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ирачката војска во тотален колапс, џихадистите му се заканија и на Балканот?

Ирачката војска во тотален колапс, џихадистите му се заканија и на Балканот?

Сунитската група Isil (позната под кратенката ISIS), која потекнува од Ал Каеда, но е исфрлена од членството, тргнала од ново-заробените контролни точки на ирачко-сириската граница на исток и во неделата завземала три ирачки града, објавуваат очевидци и безбедносните служби.

Сунитските герилци под раководство на Исламската држава во Ирак и Левант (Isil) ја избркале ирачката армија од градовите во провинцијата Анбар, а шиитската влада е во шок, пренесува Ројтерс.

Во неделата сунитските герилци под водство на Isil ги завземаа Рава и Ана на Еуфрат, источно од Каим и Рутба, која е на југот, на патот што ги поврзува Багдад и Јордан.

Во саботата, тие го завземаа граничниот премин со Ал Каим, која на Isil им овозможува воспоставување на правци со Сирија во која се користи хаосот што е резултат на тригодишното востание против претседателот Башар ал-Асад.

Целта на Isil е да се создаде исламски калифат кои не би ги земал во предвид границите кои се поставени од страна на колонијалните сили пред еден век. Сунитските племиња во претежно пустински крај живеат на двете страни на таа граница.

Падот на Каим е уште еден чекор кон постигнување на воени цели на Isil а границата од 20-тиот век падна во еден ден.

ISIL - ЗАКАНА ЗА БАЛКАНОТ?

Косовската влада, нејзините институции, како и некои држави на Балканот, би можеле да бидат цел на терористички напади кои би можела да ги изврши организацијата на Исламската држава Ирак и Левант познат како Isil  пишува Слободна Далмација.

За ова пишува косовскиот портал Lajmet.net, кој се потпира на „сигурни меѓународни извори“, кои тврдат дека западните разузнавачки агенции ја информирале за оваа закана Косовската разузнавачка служба и препорачуваат да се зголеми безбедноста за наводна комуникација на Isil во Сирија и Ирак со нивните членови на Балканот.

На овие членови, според косовскиот портал дадена им е „наредба за напад на оние кои не постапуваат според волјата на Алах“ со дадаток особено да се фокусираат на Косовската Влада.

На пишувањето на Косовскиот портал реагираше косовската полиција, тврдејќи дека таа нема информации за можни закани до институциите и граѓаните на Косово, како и земјите на Балканот.

Порталот Lajmet.net покрај овие реакции на косовската полиција тврди како поединци од амбасадата во Приштина ги предупредиле своите граѓани и нивните организации за можни терористички закани, и побарале да бидат будни и да ги зајакнат контролите врз влезот во просториите на амбасадите.

Isil е организација која е формирана во април 2013 година, која и се приклучила на Ал-Каеда во Ирак со слични организации во Сирија и во краток рок се претворила во добро финансирана организација и ги зголемила врските со членови на Ал Каеда во светот, пишува Слободна Далмација.

Во меѓувреме, по неколку месеци правејќи внатрешни превирања Isil од Ал Каеда е исфрлена.

Слично

Поврзани вести