ИПИС: Граѓаните најзадоволни од странските инвестиции и земјоделските субвенции
Поголемиот дел од граѓани на Македонија ги оценуваат како позитивни политиките на Владата за привлекување странски инвестиции, субвенциите во земјоделството и реформата на здравствениот систем, покажува анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).
На прашањето „како ги оценувате следните политики на Владата: привлекување на странски инвестиции“, 59 отсто одговориле позитивно, 29,1 имаат негативен став, а без одговор биле 11,8 проценти од анкетираните. Позитивна оценка за субвенциите во земјоделство дале 70,1 отсто, а негативно се изјасниле 18,7%. Реформата на здравствен систем позитивно ја оцениле 54,6 од испитаниците, негативно 34,8, а немале одговор 10,6 проценти.
46,2 отсто од анкетираните граѓани имаат позитивен став за политиките на Владата за процесот на евроинтеграциите , а негативен 30%, додека Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава позитивно го оценуваат 50,6 отсто од анкетираните, а 16,1% негативно.
Високи 54% веруваат дека ќе добиеме датум за почнување на преговорите за влез во ЕУ во декември годинава, а за 27 проценти тоа е нереално. 51,1% негативно го оценуваат проектот „Скопје 2014“, додека позитивна оценка даваат 40,3% од испитаниците. Телефонската анкета која ја спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје, траеше од 29 октомври до 1 ноември, а беа забележани одговорите на 1.115 граѓани.
Слично
