Економија, финансии, бизнис

Контакт

iPhone го позлати Apple

iPhone го позлати Apple
И во четвртиот, последен квартал за фискалната 2014 година, кој заврши на 27 септември, Apple успеа да ги победи очекувањата на пазарот, како и сопствените очекувања, во однос на приходи, добивка, заработка по акција. Дури и продажбата на iPhone и Mac ги надминаа очекувањата, а послаби од очекуваното се само продажбите на таблетите iPad. Компанијата објави приходи од продажба во износ од 42,1 милијарди долари, што претставува раст од 12% на годишна основа, и нето добивка од 8,5 милијарди долари (раст од 13%). Добивката по акција изнесува 1,42 долари, додека аналитичарите очекуваа таа да е во износ од 1,31 долари со бруто маргина од 38%, а Apple се обложуваше на 37 до 38%. На берзата тие поскапеа за 1,4%. Тоа е најдобар септемвриски квартал за Apple во корпоративната историја на компанијата. Во поголемиот степен успехот се должи на и онака најголемиот извор на приходи кој сега "е во нова облека", имено - новите модели iPhone 6 и iPhone 6 Plus, при ова и покрај фактот дека тие беа пуштени за продажба во самиот крај на извештајниот период. Овие уреди продолжуваат да се продаваат како алва. Во текот на извештајниот квартал iPhone "е одговорен" за 56% од сите приходи на концернот. За тримесечјето Apple успеа да продаде цели 39,27 милиони парчиња од смартфоните iPhone по 33,79 милиони броја продадени една година порано. Така, се чини дека продажбата на iPhone за тромесечјето се близу 6 милиони повеќе во однос на истиот период во 2013 година. Аналитичарите очекуваа Apple да успее да продаде 37,8 милиони парчиња од уредот. Во средината на септември на пазарот излегоа новите модели кои постигнаа нов рекорден успех со 10 милиони продажба во рамките на првите три дена. Но можеби вистинско изненадување е продажбата на компјутерите Mac, кои пријавиле најдобар квартал воопшто со продадени 5,52 милиони единици при очекувања за 4.85 милиони единици продажба. Така се покажува дека компанијата има повеќе приходи од продажбата на Maс отколку на iPad (16% наспроти 13%, од вкупните приходи). Во однос на таблетите Apple не успева да се справи подобро, а продажбата на iPad се намали до 12,3 милиони парчиња од 14,1 милиони пред една година. Причината е и целокупното намалување на интересот на корисниците кон овој сегмент, како и недостатокот на нови модели во производната палета од речиси една година. Потсетуваме дека новите iPad Air 2 и iPad mini 3 беа претставени пред неколку дена, а резултатите од нивната продажба ќе бидат опфатени во следниот квартал. Apple очекува уште подобар декемвриски квартал со рекордни приходи во опсег меѓу 63,5 и 66,5 милијарди долари. Се очекува да бидат постигнати импресивни резултати имајки го предвид празничниот период и обновувањето на iPhone, iPad и Mac во последниве недели. Се очекува бруто добивката да се покачи од 37,5 на 38,5 отсто. K.K.
Слично

Поврзани вести