Инвестициските можности на Македонија претставени во Детроит
На „ОЕSA 2012 Outlook Conference во Детроит беа претставени инвестициските поволности во Република Македонија за автомобилска индустрија. Оваа конференција се одржа во организација на Здружението на производители на компоненти од САД, каде присуствуваа над 700 гости, меѓу кои и бројни производители на автомобилски компоненти и возила од САД и од целиот свет. Презентации извршија претставници на Ford Motor Company, Toyota Motor Engineering & Manufacturing, Volkswagen of America, Magna International Inc., а експерти ги презентираа перспективите на автомобилската индустрија на глобално и на регионално ниво во 2013 година.
- Дел од големите компании од автомобилската индустрија најавија посета на нашата држава. Освен Македонија, свој штанд имаше и Канада, а свои претставници имаа и Турција, Германија, Италија и бројни држави од САД. Со остварените контакти на овој настан се зголемуваат можностите за влез на странски инвестиции во земјава, соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Слично
