ИНВЕСТИЦИЈА ГЕНТЕРМ: Вработувања на сите страни, а за платите во фабриките молк
Нова американска инвестиција денеска официјално ги отвори вратите за над 400 луѓе.
Сместена во ТИРЗ Прилеп во Гентерм фабриката ќе се произведуваат автомобилски компоненти за светски брендови како Mercedes, BMW, Volkswagen, Ford, Fiat.
Лидерот на владечката партија Никола Груевски најавувајќи ја оваа инвестиција на Фејсбук вели дека е истата е вредна 26 милиони евра. Таа треба да вработи околу 2000 луѓе, што значи сигурна егзистенција, стабилност и можност за планирање на иднината, вели Груевски.
Според екс премиерот овие инвестиции се и погон кој ја забрзува економијата, зајакнува извозот, но и ја поттикнува домашната економија со кого инвеститорите од странство се почесто соработуваат.
Меѓудругото, Груевски посочува дека фокусот на неговата партија и понатаму остануваат нови вработувања.
Но, она за кое многумина прашаа а не добија одговор е износот на платите кој вработените во оваа фабрика ќе го добијат за сработеното.
Граѓаните од прилепско велат дека ги поддржуваат ваквите инвестиции, но сепак велат дека потребно е и платите да бидат задоволувачки, бидејќи како што дополнуваат овој сектор е спаѓа во најефтино платените во земјава.
