Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвестициите во комерцијални недвижности во Европа со над 30% раст во почетокот на годината

Инвестициите во комерцијални недвижности во Европа со над 30% раст во почетокот на годината

Инвестициите во комерцијални недвижности во Европа се зголемиле за над 30 отсто во првото тримесечје на годината во однос на првиот квартал од минатата година, предвидува консултантската компанија CBRE. Тоа е и најсилното зголемување од 2007 година.

Обемот на инвестициите во секторот изнесува нешто под 55 милијарди евра. Така за последните 12 месеци обемот на инвестициите во комерцијални недвижности на Стариот континент достигнува речиси 240 милијарди евра, пишува во извештајот на компанијата.

Најголем придонес за овој раст имаат пазарите во Белгија (190% до 839 милиони евра), Чешка (184% до нешто под 900 милиони евра), Италија (159% до речиси 1,9 милијарди евра), Шпанија ( 153% до скоро 3 милијарди евра) и Норвешка (148% до малку над 2,2 милијарди евра).

Значаен раст е забележан и на инвестициите во комерцијални недвижности во Велика Британија - 64% до 9,6 милијарди евра, како и во Данска - со 74% до 972 милиони евра.

Стабилно се претставени во првиот квартал пазарите во Франција и Ирска, каде е регистрирано зголемување на инвестициите во комерцијални недвижности од 7 отсто. Во Германија има сепак лесен одлив на инвестиции во секторот на бизнис имотот, како што падот достигна 3%.

Во Централна и Источна Европа како целина, со исклучок на Чешка, во првите три месеци од годината се забележува пад на инвестициите во секторот на бизнис имотот. Најсилен е тој во Полска - 51%, иако земјата се наметна како водечки пазар за регионот.

Продолжува и падот на инвестициите во комерцијални недвижности во Русија. Во првиот квартал тој достигнува 15 отсто на годишно ниво до 396 милиони евра. Во останатите помали пазари од регионот вкупниот пад достигна 8 отсто на годишна основа.

До половина се намалиле инвестициите во комерцијални недвижности во Финска до 366 милиони евра, што се објаснува со остри односи меѓу Европа и Русија и близината на одредени сектори од финската економија со руската.

Слично

Поврзани вести