ИНВЕСТИЦИИ: Што ќе донесе германската „Маркардт“ во Велес?
35 милиони евра ќе инвестира ново изградената германска фабрика „Маркардт“ која се отвара денеска во ТИРЗ во велешко.
Со самиот старт на инвестицијата Владата очекува 600 вработувања за две години.
Фабриката ќе биде производител на автомобилски делови за врвни германски брендови како Мерцедес, Ауди и БМВ кои ќе се извезуваат.
Министерот Веле Самак истакна задоволство од како го нарече модерното производство во Велес, напоменувајќи дека оваа фабрика е донесена во земјава со големи напори и очекува модерна иднина за граѓаните.
Фабриката „Маркарт“ е основана 1925 година, застапена е на глобално ниво ширум Европа, Африка и Азија а годишниот обрт на компанијата и околу 700 милиони евра.
Дали и колку ќе се остварат ветувањата на надлежните и колку граѓаните ќе бидат задоволни оставаме на времето да покаже.
