Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕСТИЦИИ: Септември-месец во кој се очекуваат 2.750 нови вработувања

ИНВЕСТИЦИИ: Септември-месец во кој се очекуваат 2.750 нови вработувања

„Техникал текстаил“, „Дијатек“ и австриска компанија се трите фабрики кои во септември според најавите на премиерот Никола Груевски треба да донесат  2.750 нови вработувања.

Фабриката „Техникал текстаил“ треба да има најмалку 1000 директни вработувања,  „Дијатек“ ќе ги пополни своите капацитети со  најмалку 250 директни вработувања и австриската компанија во Виница која што веќе почна со пробно производство која треба да отвори 250 работни места.

Во септември би требало да стартува со изградба и новата фабрика на ОДВ Електрик, која веќе почна како браунфилд инвестиција во постоечка хала, вработија некоја бројка луѓе, но во новиот капацитет што ќе почнат да го градат сега во септември планираат нови дополнителни илјада нови работни места.

Премиерот најави уште една фабрика во „Кондево“ која ќе донесе 250 нови вработувања.

Груевски потенцираше дека Владата останува фокусирана на донесување голем број инвеститори.

Слично

Поврзани вести