ИНВЕСТИЦИИ: Огрански зеленчук и овошје ќе извезуваме на европскиот пазар
Благодарение на „Атајмач“ - турска компанија која го гради откупно-дистрибутивен центар во индустриската зона Илинден, на европскиот пазар Македонија ќе извезува органски зеленчук и овошје на парецела од 87.000 метри квадратни.
Акцентот ќе биде ставен на производство на земјоделски и раноградинарски производи а денеска се става камен темелникот на изградбата на центарот.
Оваа инвестиција има вредност од околу 10 милиони евра и истата се очекува да отвори 100 работни места.
Инвеститор е Атај Мач а за оваа инвестиција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски според напишаното на фејсбук профилот подобро се запознал за време на бизнис форумот во Анкара пред две години и таа средба вродила со плод, односно со отворање на дистрибутивниот центар.
Груевски истакна дека приоритет на владечката партија останува развојот на економијата и отворањето на работни места.
