Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕСТИЦИИ: „ОДВ-Елекрик“ ќе донесе нови 1000 работни места

ИНВЕСТИЦИИ:  „ОДВ-Елекрик“ ќе донесе нови 1000 работни места

Отварање на нови 1000 работни места очекуваат надлежните со инвестицијата на германската компанија „ОДВ-Елекрик“ чија изграда стартува во ТИРЗ Струга.

Како што веќе е познато во фабриката ќе се произведуваат жичани инсталации за автомобилската индустрија кои ќе се извезуваат на европските пазари.

Оваа компанија веќе има вработено околу 130 лица во инвестиционите објкети во Охрид . Оваа бројка, надлежните очекуваат континуирано да расте, а низ етапи да достигне 1000 вработени лица.

Инвестицијата се проценува на 15 милиони евра а договорот премиерот Никола Груевски и компанијата го потпишаа во јули годинава.

„Владата на Република Македонија и државните институции ќе останат голем партнер на челниците на оваа, како и на сите други компании заинтересирани да инвестираат во Македонија. Остануваме посветени на нови инвестиции, отворање на нови работни места, креирање на одлични услови за инвестирање и создавање на поволна бизнис клима“, истакна тогаш премиерот.

Дали ќе успее оваа инвестиција и до кога ќе се задржи на македонско тло останува да ја следиме состојбата и развојот на фабриката.

Да се потсетиме дека инвеститорот на Американската компанија Џонсон Контролс си замина од Македонија.

„На 1 јуни Вистеон ги информираше вработените во производствената фабрика во Скопје дека компанијата планира да престане со работа во овие погони до крајот на 2016 година, поради вишок капацитети во европското производство на компанијата, изјавила за Алсат-М, Џона Кристенсен, одговорна за комуникации во “Вистеон” од Велика Британија.

Од компанијата објаснуваат дека се водат преговори со потенцијален купувач за можноста „трета страна да ја преземе сопственоста на фабриката и да понуди вработување на дел од постојната работна сила”, стои во дописот што го испратиле до Алсат-М.

Целиот текст тука.

Прочитајте ја и сторијата на Фактор ИНВЕСТИТОРИТЕ БЕГААТ: Зошто Џонсон Контролс заминува од Македонија?

Слично

Поврзани вести