Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕСТИЦИИ: Наместо најавените рекорди, апатија!

ИНВЕСТИЦИИ: Наместо најавените рекорди, апатија!
Наместо рекорди, инвестициска апатија. Годинава ништо подобра од претходните, со инвестиции по кои земјава е некаде на балканското дно. Во првата половина од годинава  во земјава влегле скоро 123 милиони евра странски директни инвестиции, што е за 14 милиони евра повеќе од минатата година. СТРАНСКИ ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ I полугодие  2016   122,92 милиони евра I полугодие  2015   109,6 милиони евра I полугодие  2014   116,68 милиони евра Експертите сметаат дека ниското ниво на инвестиции и лани и годинава е резултат на политичката криза во земјава Инаку на почетокот од 2016 та година Владата најави рекордна година на странски инвестиции. Отворање на околу 1.400 нови работни места се очекуваат зоните, а во тек  се преговори со 8 компании, од кои се очекува дел од нив да донесат одлуки за инвестирање во земјава. Инаку јуни е прв месец од годинава во кој е регистрирано негативно салдо на странски инвестиции. Анализирано во апсолутен износ, најголеми приливи од СДИ имаат Србија, Бугарија и Албанија, додека Македонија, Косово и Босна и Херцеговина најмалку, се истакнува во одредени анализи.
Слично

Поврзани вести