Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвестиции можеби нема многу, ама 6000 луѓе ќе се вработат во слободните зони!

Инвестиции можеби нема многу, ама 6000 луѓе ќе се вработат во слободните зони!
До крајот на 2013 година во технолошко индустриските развојни зони во Македонија ќе бидат вработени 6.000 луѓе. Сега пак според министерот за финансии, Зоран Ставрески, во зоните сега работат 1.720 работници, додека до крајот на годината таа бројка ќе се зголеми на 2205 вработени. Ова е бројка се однесува за вработени и во фабриките што работат во технолошко индустриски развојни зони, но и фабриките што се дел од индустриските зони, каде што не важи целосните ослободувања како што важат во технолошко индустриските развојни зони. Ставрески објасни дека во „Џонсон Контролс“ во Штип се вработени 450 вработени лица, а се планирани уште 150 во 2013, со што бројката ќе стигне до 600 работни места. „Џонсон Контролс“ во Скопје, има 323 работни места, а „Џонсон Мети“ во Скопје отвори 294 работни места, а ќе има уште 100 нови работни места следната година во нивната втора фабрика. Во „Дрекслермаер“ во Кавадарци отворени се 204 работни места, а очекуваме до крајот на годинава да има уште 100 вработувања. До јули 2013 година тој број ќе се зголеми на 2.000 вработени, а до јули 2014 на 4.000 нови работни места, потенцираше Зоран Ставрески. Оваа најава доаѓа во време  кога статистиката забележа значаен пад на инвестициите. Oд почетокот на годинава до септември во Македонија влегле 44,2 милиони евра странски директни инвестиции, објави Народната банка. Според податоците на НБРМ во последниот, трет квартал има одлив на инвестициите за сума од 28,3 милиони евра, во вториот квартал според официјални бројки во земјава влегле нешто помалку од еден милион евра странски директни инвестиции, а единстевно позитивен е првиот квартал односно почетокот на годината кога имало 71, 7 милиони евра.
Овој пад на странските директни инвестиии е сериозен аларм ако се земе во предвид дека минатата година во првите три квартали имало 231, 2 милиони евра додека годината завршила со вкупни странски инвестиции за сума од 336,7 милиони евра. Експертите сметаат дека позначајното одлевање на инвестициите се должи на тоа што странските компании ги одлеваат профитите од земјава, иако се очекуваше таквиот тренд да заврши со вториот квартал.
Слично

Поврзани вести