Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕСТИЦИИ: Ќе никнат четири нови фабрики

ИНВЕСТИЦИИ: Ќе никнат четири нови фабрики

Кисејфти системс (КСС) во Кичево, ОДВ Електрик во Охрид и Струга, Кондево во Штип и Гентерм во Прилеп се странските фабриките кои наскоро ќе добијат камен-темелници и истите би требало да донесат 5 илјади нови вработувања.

Ова денеска го најави премиерот Никола Груевски, кој меѓу другото истакна дека две веќе се завршуваат и же се почне со производство.

До крајот на месецов и на почетокот на идниот ќе започне градбата на капацитетите на четири претходно најавени странски инвестиции, а две ќе отпочнат со работа. Во шесте фабрики ќе се вработат повеќе од пет илјади луѓе,  најави денеска премиерот Никола Груевски.

Официјално со работа ќе стартува и Техникал текстајлс во Штип и Дијатек  во Технолошко индустриска развојна зона во Скопје.

Премиерот најави и нови странски инвестиции од септември, но засега не открива повеќе детали.

Слично

Поврзани вести