ИНВЕСТИЦИИ: Ирски проект од еден милион евра ќе донесе 90 нови вработувања
Водечкиот ирски провајдер на на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар лоцирана во Даблин, компанијата „Баракуда“ со проект од еден милион евра најави нови 90 вработувања.
Во Владата денес претставници на оваа компанија остварија средби со Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и владин тим.
Пешевски изразни значајно задоволство и позитивни ефекти од оваа странска инвестиција и респектабилна компанија чиј влез во Македонија го гледа како поттик и за други ирски компании да дојдат во Македонија.
Оваа ирска комапнија е носител на престижни интернационални награди и признанија, a со активности во Македонија и најавените вработувања, обуки и доусовршување на домашниот кадар од информатичките науки ќе започнат наскоро.
-Ефектите од субвенционирањето на странските инвестиции се повеќе од позитивни, а треба да се гледаат не само во моментов, туку дологорочно и во однос на целокупниот економски развој- рече вицепремиерот Пешевски, кој истакна и дека Македонија полека ја зацврснува оваа позиција како дестинација на странски вложувања.
