Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвестиции: Груевски најави фабрика за чипс во битолско

Инвестиции: Груевски најави фабрика за чипс во битолско

На вчерашниот собир во Битола премиерот Никола Груевски, меѓу пофалбите и достигнувањата на владеачката гарнитура најави нови мерки за намалувања на невработеноста но и нови инвестиции.

Фабриката, чија парцела е купена и која треба да никне во битолско Кравари ќе произведува чипс кој ќе биде извезуван на територијата на цела Европа и се предвидува истата да отвори 100 нови вработувања.

Во битолско Жабени пак, „Chelmak Agricultural Machinery“ турска компанија ќе инвестира во погон за производство на земјоделска механизација. Оваа компанија ја купила парцелата во индустриската зона на ова место и нејзината површина изнесува 24 000 м2.

Истата според премиерот треба да отвори нови работни 150 места.

Премиерот вчера во својот говор пред насобраните Битолчани ги истакна целите на владејачката гарнитура напоменувајќи дека работодавачите кои ќе вработат поширока категорија на граѓани ќе бидат ослободени од плаќањето на персоналниот данок и социјалните придонеси.

Со овие мерки премиерот очекува дрстично зголемување на бројот на вработени лица.

– Работодавачите кои ќе вработат млади лица до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од три години, а ќе имаат обврска да го задржат работникот уште една година, рече Груевски.

Слично

Поврзани вести