Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕСТИЦИИ: Да за странците, ама Македонија ги дискриминира домашните бизнисмени!

ИНВЕСТИЦИИ: Да за странците, ама Македонија ги дискриминира домашните бизнисмени!
Македонија е на релативно добро ниво во привлекувањето на странски инвестиции во споредба со земјите од регионот, но мерките кои ги нудат македонските власти за странските инвеститори, не им се достапни на домашните инвеститори, се нотира во посебниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд насловен како “Посебна област”. Во овој извештај се анализираат извозот, увозот, бруто-домашниот производ, политиките за странски директни нвестиции и други економски параметри. Во делот посветен на анализа на политиките за привлекување на странски директни инвестиции (СДИ), монетарците посочуваат дека во однос на привлекувањето на инвестиции Македонија е пред Албанија и Босна, но зад Србија. Како недостаток го лоцираат нискиот потенцијал во делот на природните ресурси и атрактивноста на пазарот. -Повеќето странски директни инвестиции во последниве години се гринфилд и концентрирани на извозно ориентирано производство. Република Македонија е рангирана како една од најниските во регионот во однос на потенцијалите, што  најмногу се должи на недостаток на природни ресурси и атрактивноста на пазарот. Економските политики треба да се насочат кон проширување на големината на пазарот, подобрување на производствените вештини и инфрастукртурата, се наведува во извештајот. Во извештајот се наведува дека Македонија нуди атрактивни даночни олеснувања за  инвеститорите, вклучувајќи рамен данок од 10 проценти на личните примања и на профитот. Монетраците посочуваат дека во текот на изминативе неколку години, имплементацијата на сите овие мерки, комбинирана со релативно ниската ефикасност во оданочувањето според регионалните стандарди, придонесе кон постојаното опаѓање на владините приходи во однос на БДП-то, во споредба искуствата од другите економии во раст. -Структуралното поместување кон „гринфилд“ СДИ се рефлектира во ниските трошоци за работна сила, повеќето поттикнувања кои веќе ги споменавме и подобреното деловно опкружување, но и во можностите кои ги нуди географската близина до големите фабрики во Централна и Западна Европа и во Турција и бесцаринскиот пристап до европскиот пазар. Други сектори кои привлекуваат СДИ се материјали за градежништво, стамбена изградба, стакло (на пр. за пакување на земјоделските производи и виното) и преработката на храна. Мерките за странските инвеститори, не важат и за домашните Во извештајот се укажува дека високата стапка на сива економија и  тешкиот пристап до финансиите, се главните пречки со кои се соочуваат фирмите од приватниот сектор при водењето на бизнисот,   во споредба со регионот. Монетарците посочуваат дека мерките кои ги нудат македонските власти за странските инвеститори, истите не ги нудат и за домашните инвеститори. - Домашните фирми, исто така, се соочуваат со потешотии со кредитите и ликвидноста поради големите хипотекарни барања, застој во наплатите (во просек, потребни се четири месеци за да се наплатат побарувањата) и слабите баланси на приватниот сектор. Долгот на приватниот сектор, разгорен и од кредитниот раст и од надворешното позајмување, од средината на 2000-те години започна многу бргу да расте. Анализата на долгот на приватниот сектор ширум земјата покажа дека долгот на приватниот сектор во Македонија е висок во споредба со основните носачи, како што се трошоците за камати и потенцијалот за раст. Мерките кои ги нудат македонските власти се во согласност со карактеризацијата на поттикнување на ДСИ предложена од Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (1994 г.) бидејќи „се осмислени да влијаат врз големината, локацијата  или индустриската гранка на еден СДИ проект преку влијание врз релативната цена на чинење или преку промена на ризиците кои ги носи инвестицијата со поттикнувања кои не им се достапни на истите такви домашни инвеститори“.   се наведува во извештајот. На нерамноправниот третман на странските и домашните инвеститори, веќе подолг период реагираат од македонскиот бизнис сектор. Превземањето на Телеком, најголема инвестиција Според ретроспективата направена од експертите од ММФ, во земјава приливот на Страснките директни инвестиции до 1198 година бил на занемарливо ниво, а потоа е регистриран умерен пораст се до глобалната економска криза, со истовремена приватзација на претпријатијата во државна сопственост и преземање на големите домашни компаниии од страна на странски инвеститори. - Најголемото преземање беше тоа на нацоналниот телефонски оператор од страна на Magyar Telekom (Deutsche Telekom група) во 2001 година. Сепак, најголемиот дел од приливот на СДИ заврши во трговскиот сектор, кој се покажа како фактор на поддршка на извозот на земјата. Имајќи ја на ум целта да се пристапи кон ЕУ, Македонија од средината на 2000-те презеде битни политички потези за да го поправи деловното опкружување и да обезѐбеди поттикнувања за привлекување на СДИ во трговските сектори како главна компонента на извозната стратегија на земјата, се наведува во извештајот. Соработката на домашните со странските компании е на ниско ниво ММФ во извештајот наведува дека соработката на домашните фирми со страснките инвеститори е сеуште на ниско ниво, што според монетраците се должи на неможноста на домашните добавувачи за исполнување на европските стандарди. -Доказите покажуваат дека развојот на соработката помеѓу големите странски инвеститори и потенцијални домашни добавувачи е ограничен, што во голема мера се должи на неможноста на домашните производители  да ги исполнат техничките и безбедносните услови потребни за извоз во Евроспката унија. Малите и средни домашни фирми произведуваат главно за извоз во соседните земји, со ограничени можности да се интегрираат со европските ланци на снабдување. Во целост, и покрај тоа што се изградени значајни извозни капацитети, днивото на соработка со домашниот сектор останува недоволно развиено, се наведува во извештајот. Висока стапка невработеност, недостиг на квалификуван кадар, а голем одлив на “мозоци” И покрај тоа макроеконмската стабилност е на добро ниво и има подобрување во деловното опкружување, нивото на стапката на невработеност е сеуште високо, укажуваат од ММФ. Како проблем го посочуваат и тоа што има недостиг на квалификувани кадри во речиси сите сектори. Се забележува дека Владата малку инвестира во истражувања и иновации, а одливот на мозоци од техничките и инжинерските професии останува голем проблем на земјата. -Стапката на невработеност во Република Македонија продолжува да стои на  речиси 28 отсто, а недостиг од квалификуван персонал има во сите сектори. Подобрувања се забележуваат во а последните неколку години, особено во однос на подобри резултати од учењето на примарно ниво и ефектот од задолжително запишување во средно образование. Сепак, автомобилските фирми, и натаму имаат тешкотии во пополнување на управувачките и техничките работни позиции. Човечките и финансиските ресурси се недоволно насочени кон истражување, развој и иновации. Иако трошоците за истражувања ги финансира исклучиво владата, расходите по овој основ во земјата изнесуваат само 0,22 проценти од БДП во 2012 година. Одливот на мозоци, особено во техничките и инженерските професии, останува главна грижа за приватниот сектор и на научната заедница, се наведува во извештајот. Експертите од ММФ укажуваат дека поволната средина за развој на слободните економски зони треба да се спорведе и надвор од зоните. Монетарците препорачуваат преку олеснување на бизнис климата да се подобри врската со зините и домашните компании,  вклучително и отстранување на пречките во трговијата со фирми со седиште во зоните. Во извештајот се истакнува и ризикот од миграција на домашните фирми во слободните економски зони, што подразбира висок потенцијал за фискални трошоци. Ј.С
Слично

Поврзани вести