Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕСТИЦИИ: 2,2 милиони евра за обнова на 10 железнички станици

ИНВЕСТИЦИИ: 2,2 милиони евра за обнова на 10 железнички станици
Македонија ќе се најде на транспортната мапа на Европа со инвестиција вредна 2,2 милиони евра. Ова денес го соопшти министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој посочи дека обновата ќе биде долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д. Вчера беше потпишано одобрението за градење за станицата во Прилеп а активностите би требало да започнат следната недела. Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар се дел од градовитечии железници  треба да добијат нов изглед.
- За една година цел Коридор 10 ќе има нови и модерни железнички станици, изјави министерот Мисајловски при денешната посета на Општина Аеродром.
Проектот на Министерството за транспорт и врски опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците, а ќе се заменат  крововите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети,  ќе се смени водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, ќе се постават системи за греење и ладење и слично.
Слично

Поврзани вести