Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвеститорот си оди, Хрватите ќе останат без Сен Тропе

Инвеститорот си оди, Хрватите ќе останат без Сен Тропе

Луксембуршкиот инвеститор дефинитивно си заминува од Хрватска после единаесет години. Овој инвеститор Сончевиот Хвар требаше да го претвори во хрватски Сен Тропе.

Поминаа 11 години откако е ставен потпис на првиот договор за јавно-приватно партнерство со Хрватска.

Мнозински сопственик со речиси 62 одсто од хрватската компанија стана словачкиот „Прајман турист ресорт“ регистриран на Кипар.

На Загребската берза Орко групата објави дека ги продава преостанатоте 15,7 одсто од акциите на Сончевиот Хвар за 8,15 милиони евра.

Иако името на купувачот не беше споменато, словачкиот „прајм турист“, еден од постојните акционери, исто така, најави дека и на другите сопственици ќе им достави понуда за шреземање.

Орко соопшти дека продале 3.06 милиони обични акции, или 15.77 отсто од акциите во основачкиот капитал на друштвото.

„Вкупната вредност на трансакцијата изнесува приближно околу 8.15 милиони евра, а се основа на номиналната вредност на пренесените акции.

„После овие трансакции Орко проперти група излезе од сите вложувања во Хрватска“, стои во соопштението на Орко.

Словачка групација „прајм турист“ во Сончевиот Хвар  дојде во јуни 2014 година, кога Орко и продаде 24,9 отсто од акциите, веднаш под прагот за преземање, за симболично едно евро, со што уделот им падна под 50 проценти.

Преместувањата во сопственоста во Сончевиот Хвар доаѓа недолго откако од Владата стигнале, засега неофицијално, најави за продажба на државниот имот.

Државното портфолио кое прво можеше да се најде на барабанот се токму компании од туристичкиот сегмент, а проценките говорат дека државата за своите 32,36 одсто ацкии од Сончевиот Хвар, формално во сопственост на CERP и DAB би можела да добие околу стотина милиони куни.

Словачката компанија објави дека на 4 април склучила договор за пренос на акциите врз основа на кои стекнала 8,97 милиони редовни акции од Сончев Хвар, односно 46,18 одсто од вкупниот основен капитал. Истиот ден, е склучен договор со Орко за купуавње а неговите 3,06 милиони или 15,7 одсто удел во капиталот со што уделот на словачката компанија достигнал 12,03 милиони акции, односно 61,95 одсто удел во капиталот.

Откако што добие одобрание од Ханфа, Прајм турист во законски рок ќе објави понуда з апреземање на преостанатите акции, стои во соопштението .

Идилата во инвестициониот брак на државата и луксембурски Орка не траеше долго.

Откако во 2005 влегоа во Сончевиот Хвар со потпис на Дамир Полачец во име на Владата, речиси веднаш тргнаа критиките дека зад проектот јавно-приватно партнерство всушност се крие приватизација на хрватскиот туристички бизсер, посебно по откритијата дека државата на Орко му овозможила мнозинска сопственост.

Набрзо почнуваат судирите на водечките акционери, Градот Хвар бара 25 одсто од акциите, Црквата враќање на имотот, а државата и Орко меѓусебно се обвинуваат за загубите.

Два дена пред истекот државата во 2010 година ќе раскинува договорот за ЈПП  поради загуби, а делот на Орко паѓа на 48 одсто.

Во мај 2014 поради 620 милиони куни насоберени загуни е покрената предстечајна постапка. Така, изгледа, Сончевиот Хвар ќе заврши прватизиран од трета страна, но после милион куни загуби и бидејќи изгубил деценија во сопстевност со препукувања и експерименти на приватното партнерство, пишува хрватски Пословни дневник.

Слично

Поврзани вести