Инвеститорите го „демнат“ Макпетрол
Компанијата која годинава се најде во центарот на вниманието, продолжува да биде во фокусот на инвеститорите.
За ова говори фактот дека само вчера со акцијата на Макпетрол биле реализирани четири блок трансакции.
Просечната цена на акцијата која го зеде приматот на хартија од вредност изнесуваше25.500,16 денари што претставува пад на вредноста на акцијата за 0,09 отсто.
Вниманието на инвеститорите беше задржано и од акцијата на Комерцијална банка а беа истргувани преку 3190 акции и остварен промет од 8,9 милиони денари.
Берзата вчерашниот ден го заврши со со вкупен промет од 24,6 милиони денари и вкупно 84 реализирани трансакции, додека индексот МБИ10 во петокот забележа раст на вредноста од 0,16 отсто.
Слично
