Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕСТИТОРИ: Со порака отпуштиле 60 вработени!

ИНВЕСТИТОРИ: Со порака отпуштиле 60 вработени!
Швајцарска компанија по порака преку електронска пошта ги отпуштила 60 работници во својата филијала во Белград. Швајцарската компанија „Дреј“ ненадејно и без никаква најава на речиси сите свои вработени во Белград во недела навечер им испратила e-mail со порака да не доаѓаат на работа во понеделник затоа што е почнат процес за ликвидација на фирмата. Се работи за 60 експерти за информатичка технологија, кои во Белград работеле за потребите на швајцарскиот инвеститор. Тие не добиле никакво друго објаснување за отказот. „Швајцарскиот инвеститор ја угаснал корпорацијата „Дреј“, а со самото тоа и филијалата во Белград останала без средства за работа. Сите ги разреши од должност“, успеале да дознаат вработените. Шокирани тие сепак веќе два дена се појавуваат пред фирмата, во која велат дека им останале личните работи, а не им биле вратени ниту работничките книшки. Компанијата „Дреј“ важела за добар работодавач во Србија, нудела одлични услови за работа, со кои успеала да привлече многу способни експерти за информатички технологии и да ги ангажира.
Слично

Поврзани вести