Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвеститори од Македонија заинтересирани да вложуваат во каменоломите во Србија

Инвеститори од Македонија заинтересирани да вложуваат во каменоломите во Србија
Бугарски и италијански фирми се заинтересирани за вложување во каменоломите во Србија, но и инвеститори од земјите од поранешна Југославија - Хрватска и Македонија, пишува Танјуг. „Разгласивме дека Србија има голем потенцијал во областа на архитектонско-градежниот камен и очекуваме на пролет, една бугарска фирма да дојде и да инвестира во отворање на два каменоломи во околината на Арлија“ - вели претседателот на здружението за експлоатација и преработка на камен „Камен Србија“, Зоран Џајиќ. Тој најави дека ќе го организираат шестиот саем за камен "Stoneexpo Serbia", од 19. до 22.март на просторот на саемот Шумадија во Крагуевац и дека во текот на таа саемска манифестација ќе биде разговарано со потенцијални инвеститори за локации. Тоа е најголем меѓународен саем во областа на природниот камен и соодветната индустрија во Србија и југоисточна Европа. Здружението во моментов има прашања за локации од фирми од Бугарија, Италија, Хрватска и Македонија, посочува Џајиќ изразувајќи очекување дека по саемот ќе има уште заинтересирани. Тој напомена дека во изгрдбата на Белград главно е користен камен кој се експлоатирал од околината на градот и дека има доста објекти кои се направени од камењата од рипањскиот каменолом. "Stoneexpo Serbia" е традиционален саем кој се одржува од 2009 година во март и тоа е место каде се среќаваат професионалци од индустријата со камен од Србија и од повеќе од 20 земји од регионот и светот, архитекти, дизајнери, претставници на секторот градежништво, урбанизам, државни и приватни инвеститори... Меѓу постојаните излагачи се водечките домашни и меѓународни компании кои се знаимаваат со експлоатација и преработка на камен, производствени машини, алат и опрема за експлоатација, преработка, заштита и реставрација на камења. А.А.  
Слично

Поврзани вести