Инвестирајте во злато, цената урна нов рекорд
Цената на златото денеска се зголеми на историски максимум од 3.508,50 долари за унца (околу 3.015 евра), што претставува јасен сигнал за намалена доверба во американскиот долар и растечки притисок врз Федералните резерви на САД (ФЕД).
Рекордната цена на златото укажува на длабока загриженост за глобалната економија.
Според аналитичарите, главната причина за овој пораст е очекувањето дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки, како и зголемената економска неизвесност во светски рамки.
Од почетокот на годинава, вредноста на благородниот метал забележа пораст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави серија контроверзни царини кон повеќе земји. Дополнително, аналитичарите предупредуваат дека притисокот кој Трамп го врши врз ФЕД ја доведува во прашање неговата независност, што дополнително ги вознемирува инвеститорите.
foto freepik.com
