Инвестирајте во Грција за петгодишна виза
Пет годишна виза ќе можат да добијат жителите на земји надвор од Европската унијан ако инвестираат во имот во Грција.
Ова се предвидува со предлог-закон на Министерството за развој, конкуренција, инфраструктура, транспорт и комуникациски мрежи, што има за цел олеснување на стратешките инвестиции во земјата. Во следните неколку дена тој ќе биде подлежен на јавна дебата.
Имотот што странците треба да го купат, за да имаат право на користење на олеснувањето, треба да биде во вредност од над 300.000 евра. Жителите на трети земји, кои ќе направат инвестиција од над 100 илјади евра, ќе можат да добијат визи за десет свои вработени, кои ќе работат во Грција. Сепак државјаните кои ќе добијат виза со купување на имот во земјата нема да имаат право да работат во Грција.
Слично
