Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕСТИЦИСКИ РАЈ, РАБОТНИЧКИ ПЕКОЛ: Странските инвеститори билдале милионски добивки во земјава

ИНВЕСТИЦИСКИ РАЈ, РАБОТНИЧКИ ПЕКОЛ: Странските инвеститори билдале милионски добивки во земјава

Парите на македонските даночни обврзници завршувале како добивка на странските фирми. 

Oва е заклучокот на истражувањето „Вистинската цена на евтината работна сила: Политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија, 2007-2015“ на Институт за општествени и хуманистички науки, кое беше објавено денеска.

Од 2007 до 2015 година се потрошени 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции, додека кога вкупниот износ на средства што државата ги исплатила за поддршка на странските фирми (159 милиони евра) ќе се подели со вкупниот број на вработени (12.600), се добива дека државата издвојува околу 12.580 евра за едно работно место.

Просечната плата во фирмите во 2015 година изнесува 261 евро, што е значајно пониско од државниот просек од 360 евра. За целиот анализиран период, фирмите оствариле нето-добивка од вкупно 235 милиони евра, што е два и пол пати повеќе од платите што ги исплатиле. Најголема добивка остварила „Џонсон Мети“, 227 милиони евра, а по неа е „Ван Хул“ со 10,3 милиони евра – се вели во истражувањето.

Во него се додава дека со оглед на тоа што средствата кои државата ги исплатила за привлекување и за поддршка на странските инвестиции (159 милиони евра) се значајно повисоки од платите кои овие фирми ги исплатиле (92,1 милион евра), може да се заклучи дека државата директно генерира дел од нето-добивката на овие фирми.

Слично

Поврзани вести