ИНВЕСТИЦИЈА: Швајцарска компанија ќе отвора 100 нови работни места
Швајцарската компанија „Ронтис“ објави дека ќе отвори нов погон и 100 нови работни места во Велес. Фабриката, која се занимава со производство на медицински помагала, веќе поседува своја фабрика во Велес, инвестиција вредна 10 милиони евра.
Минатата година во оваа фабрика се произвеле пет милијарди крвни линии, 500 илјади катетри и триста илјади сетови за инфузија. Сега планираат проширување на производството со уште еден погон.
„Погонот кој го подготвивме е инвестиција која вреди пола милион евра. Поволните економски услови кои ги нуди Владата на Република Македонија придонесоа одлуката за зголемување на капацитетите да биде донесена тука“, рече директорката Бојана Димовска за велешкиот портал „Лисица“.
Со обрт од 8,5 милиони евра, минатата година Ронтис беше е една од најпрофитабилните фабрики во Македонија. Со зголемените инвестиции и новиот погон годинава се очекува обртот да достигне 12 милиони евра.
Слично
