ИНВЕСТИЦИЈА ОД 7 МИЛИОНИ ЕВРА: Кога ќе почне да се гради фотоволтаичната електрана која ќе биде најголема во земјава?
До 10 мај е отворен повикот за проектирање и изградба на фотоволтаична електрана која ќе се гради во Рек Осломеј.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев кажа дека тоа што го очекува е веќе следната година да потечат првите мегавати од фотоволтаичната електрана која ќе биде најголема во државава.
Според првичните најави кои надлежните ги споделија со јавноста уште во јанаури, фотоволтаична електрана ќе се гради на 15 хекатари земјиште на веќе постоечкиот рудник во околината на РЕК Осломеј . Седум милиони евра ќе чини изградбата на фотонапонска централа Осломеј .
Сумата од седум милиони евра за оваа инвестиција е набавена со заем од 5,9 милиони евра од Европската банка за обнова и развој или додека 1,1 милион ќе бидат обезбедени од сопствени средства на ЕЛЕМ.
