ИНВЕСТИЦИЈА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА: Каде ќе вложува „Кемет Електроникс”?
Со инвестиција од 10 милиони евра американската компанија „Кемет Електроникс” ќе го проширува капацитетот на фабриката во Бунарџик.
Денес ќе се знаат сите детали а во посета на фабриката денес ќе биде премиерот Заев.
„Кемет Електроникс” произведува електронски компоненети а според она што се најавува дел од парите ќе се инвестираат во Центар за истражување и развој.
Американската компанија Кемет електроникс ја отвори фабриката во Скопје во октомври 2012 година и е наменета за електронски производи наменети за авионската, воената и автомобилската индустрија. Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона Бунарџик на површина од 11.000 метри квадратни, од кои 9.000 се производствен капацитет. Најавата беше таму да се вработат 500 луѓе, но во првите четири годни еба вработени околу 260 лица.
