Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвестициите во нафтениот сектор ќе се намалат повторно во 2017 година

Инвестициите во нафтениот сектор ќе се намалат повторно во 2017 година

За првпат проценуваме пад на инвестициите во секторот за три последователни години, велат од Меѓународната агенција за енергетика

Инвестициите во ново производство на нафта најверојатно ќе се намалат трета година по ред во 2017 година. 

„Нашата анализа покажува дека влегуваме во период на поголема нестабилноста на цената на нафтата (делумно) резултат од три последователни години пад на глобалните инвестиции на нафта: во 2015, 2016 и најверојатно 2017"- рече генералниот директор на ИЕА, Фатих Бирол на енергетска конференција во Токио, пренесува Ројтерс.

Вели дека тоа ќе создаде тешкотии на глобалните нафтени пазари по неколку години.

Цените на нафтата се зголемија до највисоките нивоа од речиси еден месец. 

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ќе се состанат следната недела, за да се обидат да ги финализираат ограничувањата на производството.


Слично

Поврзани вести