ИНВЕСТИЦИИ: Германски „Костaл“ денес ги отвора вратите-ќе се вработат ли ветените 1000 лица?
Лани во ноември, надлежните потпишаа договор за соработка со менаџментот на германската компанија „Костал“.
Инвестицијата што тогаш ја најави екс премиерот Никола Груевски е вредна 50 милиони евра и истата според најавите треба да им дава плата на вработените 1000 лица кои ги вети.
„Костал“ ќе произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија. Паралелно ќе работи во две фабрики и во објектот во поранешен ЕМО, како и во новата фабрика која ќе се изгради во индустриската зона.
При потпишувањето на договорот Извршниот потпретседател на „Костал“, Кристофер Сандерс рече дека по спроведеното истражување во многу земји за тоа какви услови нудат за инвестирање откриле дека Македонија е таа која им потребна, а Охрид и Струга им нудат многу предности за нивниот иден бизнис.
