Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Инвестброкер“ АД Скопје со новите услуги ќе стане дел од регионалната платформа СЕЕ Линк

„Инвестброкер“ АД Скопје со новите услуги ќе стане дел од регионалната платформа СЕЕ Линк

„Инвестброкер“ АД Скопје од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија доби дозвола за работење со хартии од вредност со три нови услуги.

Имено, тие нови услигу ќе и овозможат пристап и приклчување на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.

„Инвестброкер“ АД Скопје сега ќе може да врши прием и пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари.

Исто така, "Инвестброкер" АД Скопје ќе може да чува хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот, како и да врши дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

Слично

Поврзани вести