Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвазија на азиланти во Србија: За една ноќ од граница вратени 1300 мигранти во Македонија!

Инвазија на азиланти во Србија: За една ноќ од граница вратени 1300 мигранти во Македонија!

Постигнат е договор меѓу полициите на Србија, Унгарија и Австрија да патролираат на границата помеѓу Србија и Македонија, бидејќи македонската полиција нема капацитет тоа сама да го реши пренесуваат српски медиуми.

Александар Вулин, министерот за труд, вработување, и социјални прашања на Србија, рекол дека границата на земјата е чувана и дека околу 400 мигранти се вратени во Македонија.

-Синоќа единици на нашата Жандармерија и нашата погранична полиција запреле 21 група со близу околу 400 луѓе и ги вратила на територијата на Македонија. Пред неколку дена беа педесетина групи со 1320 луѓе. Веќе се слуша и дека нашата граница е добро чувана , дека е цврста и тврда. Она што можеме  тоа го правиме - рекол Вулин.

Тој рекол дека српското МВР во овој процес е најзначајно и дека е постигнат договор да полицијата на Србија, Унгарија и Австрија патролираат помеѓу границите помеѓу Србија и Македонија, бидејќи македонската полиција немала капацитет да го реши тоа сама.

-Таа река на мигранти со која Србија сама не може да излезе на крај, не е нешто што го предизвикала Србија, а не е ниту главна цел на мигрантите -навел Вулин.

Тој исто така рекол дека во Србија ниту еден мигрант не останал без храна и вода и здравствена грижа.

Слично

Поврзани вести