Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инцидент во Собранието: „Ќе направите граѓанска војна“!

Инцидент во Собранието: „Ќе направите граѓанска војна“!
Инцидент во Собранието. Пред малку дојде до туркање и вистински метеж внатре во Собранието меѓу пратениците  од власта и опозицијата,  при што пратениците од СДСМ ја запоседнаа парламентарната говорница. Говорницата ја заштитуваат пратениците Сафет Бишевац и Јани Макрадули. Дојде и до жестока вербалана расправија меѓу Игор Ивановски од СДСМ и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. „Не гледате ли што ке направите. Ќе направите граѓанска војна. Ваша работа е да го штитите мирот, а не да поттикнувате на немири“, и се обрати Ивановски на Јанкуловска. СДСМ ја обвини власта дека ги користи сите методи за да го спречи протестот , а обратно ги користи државните ресурси и јавната администрација кои ги изнесува пред Собранието на контрапротести. Во очекување на  собраниската седница, ситуацијата е крајно напната и тензична, како внатре во Собрание, така и надвор пред Парланентот.  
Слично

Поврзани вести