ИНЦИДЕНТ НА ГРЧКАТА ГРАНИЦА: Мигрант од Пакистан ограбен и убиен за 400 евра!
Во текот на грабежот кој наводно го извеле Авганистанци на грчката граница еден пакистански мигрант е убиен, а уште двајца се повредени, соопшти грчката полиција, пренесоа грчки медиуми.
Инцидентот се случил недалеку од ничија земја на границата на Грција со Македонија каде секојдневно се собираат над илјада мигранти од различни националности со надеж дека ќе успеат да стигнат до северна Европа.
Повредените се хоспитализирани, а еден е во критична состојба, наведува полицијата. Уште никој не е уапсен. Грчките медиуми пренесуваат дека напаѓачите му украле 400 евра и мобилен телефон.
Слично
